Јужна Кореја ја затвора заедничката индустриска зона со Северна Кореја

11.02.2016 11:23

Стотици јужнокорејски камиони ја преминаа границата со Северна Кореја за да ги вратат опремата и стоките, кои се произведени во заедничкиот индустриски комплекс.

Јужна Кореја денеска почна да ја затвора заедничката индустриска зона со Северна Кореја во градот Кесон, како одговор на неодамнешното истрелување на балистичка ракета од страна на Пјонгјанг.

Стотици јужнокорејски камиони ја преминаа границата со Северна Кореја за да ги вратат опремата и стоките, кои се произведени во заедничкиот индустриски комплекс.

Не е прецизирано колку време ќе биде потребно за да продолжи затворањето на кесонскиот комплекс, ниту колку време ќе им биде потребно на јужнокорејските компании да ги прекинат активностите.

Во меѓувреме американскиот Сенат доцна синоќа изгласа нови санкции за Северна Кореја, како реакција на тестирањата на нуклеарно оружје.