Исплатени субвенциите за електрична енергија
11.02.2016 12:13
Од Министерството за труд и социјална политика потсетуваат дека била извршена исплата и на социјалната парична помош и на паричниот надоместок...

Министерството за труд и социјална политика ги информира корисниците на субвенции за електрична енергија дека е исплатено субвенционирањето за електрична енергија за месец декември 2015 година.
Од Министерството за труд и социјална политика потсетуваат дека била извршена исплата и на социјалната парична помош и на паричниот надоместок за помош и нега од друго лице за месец декември 2015 година.
