Украдени пловидбени знаци од Охридското Езеро
11.02.2016 13:00
Од Охридската капетанија велат дека на тој начин е доведена во прашање безбедноста во водениот сообраќај...

Засега непознати сторители ги украле пловидбените знаци од охридското езеро на потегот од селото Љубаништа до струшкото село Радожда.
Од Охридската капетанија велат дека на тој начин е доведена во прашање безбедноста во водениот сообраќај, бидеќи со пловидбените знаци се регулираше езерската пловидба.
Алуминиумските знаци беа поставени минатата година, а нивната вредност е две илјади евра.
