СДСМ најави интерпелација за претседателката на Комисијата за образование и наука
Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека опозициската СДСМ свесно го блокира донесувањето на Законот за основање на новиот државен универзитет за национална безбедност...

Пратеничката група на СДСМ ќе покрене интерпелација за работата на претседателката на Комисија за образование и наука Олга Најденовска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Бараат на пленарна седница да биде разрешена, зашто според СДСМ го крши деловникот за работа и го фалсификува гласањето за пратениците.
Од ВМРО-ДПМНЕ со став дека опозициската СДСМ свесно го блокира донесувањето на Законот за основање на новиот државен универзитет за национална безбедност и се обидува да предизвика инцидент во Собранието.
На координација кај претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, двете страни ќе се обидат да најдат решение за надминување на блокадата во Комисијата за образование и наука.
