Нема договор за заеднички превоз на мигранти од Македонија

11.02.2016 13:16

Словенечката амбасада соопшти дека на состанокот на директорите на полициите на земјите од регионот до таков договор не дошло...

Во врска со написите во одредени македонски медиуми за заеднички превоз на мигранти од Македонија до Австрија, Словенечката амбасада соопшти дека на состанокот на директорите на полициите на земјите од регионот до таков договор не дошло.

Словенечката иницијатива предвидува регистрација и издавање единствен документ за мигрантите од првата земја на патот, и организиран транзит кон Австрија и Германија.