15% од компаниите не исплатиле регрес за годишен одмор
Според првиот синдикалец, заканата со затвор придонесла да се исплаќа регресот. Преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе започнат по изборите.

Петнаесет проценти од газдите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле К-15 , регрес за годишен одмор за лани . За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат К-15 или бараат да се врати исплатеното кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година. Според првиот синдикалец, заканата со затвор придонесла да се исплаќа регресот. Преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе започнат по изборите.
„Имавме проблем во делот на идентификувањето на другиот партнер, штом Конфедерацијата на самостојни синдикати ја утврди репрезентативноста и го доби решението за репрезентативноста, формирани се сите услови заедно ССМ како репрезентативен синдикат во приватен сектор и КСС во јавен сектор, да ги отпочнеме преговорите и во колективниот договор. Речиси 90% се усогласени овие прашања“, изјави претседателот на ССМ, Живко Митревски.
За поголема заштита и исполнување на работничките права, Митревски најави дека синдикалните претставници ќе се обучуваат, а работниците ќе се едуцираат преку кампања. Инспекторите лани регистрирале 1.643 прекршувања на работничките права. 243 работници се здобиле со повреда на работно место, а четворица настрадале.
Наташа Јанчиќ
