Расте бројот на заболени од грип
11.02.2016 14:34
Најмногу заболени регистрирани се во Битола, во Прилеп и во Охрид. Бројката на заболени со симптоми на грип сезонава надмина осум илјади.

Минатата недела, 3.100 граѓани со симптоми на грип се јавиле на лекар - покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. На удар возрасната група од 15 до 64 години.
Најмногу заболени регистрирани се во Битола, во Прилеп и во Охрид. Бројката на заболени со симптоми на грип сезонава надмина осум илјади.
Докторите велат, најсигурна заштита против сезонскиот грип е вакцинацијата. Апелираат болните да ги почитуваат препораките- лицата со симптоми на грип да останат дома, хронично болните да ја земаат потребната терапија, и да се одржува личната хигиена.
