Невладини организации со заедничка декларација за следење на изборите

11.02.2016 14:52

Пет невладини организации потпишаа зедничка декларација за следење на парламентарните избори. Договориле зеднички мониторинг според принципите на меѓународните организации...

Ќе соработуваат за да ги сочуваат правата на гласачите и политичките актери, непристрасно и без дискриминација- ова е дел од декларацијата која ја потпишаа пет невладини организации кои ќе ги следат изборите. Во нивниот мониторинг, пред и за време на изборите опфатени се неколку поглавја.

„Притисоци, закани и уцени, улогата на младите во процесот, мониторинг на субвенциите во земјоделието, на меѓуетничкиот контекст во Република Македонија“, изајви Дарко Алексов, МОСТ.

Потпишаниот меморандум е базиран на меѓународната декларација за глобалните принципи за изборен мониторинг прифатен од Обединетите Нации, Европската Комисија и Советот на Европа.

„Првенствено ќе го почитуваме уставот и законите во нашата работа, ќе делуваме непристрасно, ќе работиме независно“, изајви Слаѓана Тасева, Транспарентност Македонија.

„Цивил спроведува долгорочно, исцрпно, сеопфатно набљудување на социо политичките состојби, состојбите на човековите права, особено во изборен контекст“, рече Џабир Дерала.

Петте невладини изборниот процес го следат преку парите кои се трошат за кампања на политичките партии, известувањето на медиумите и одвивањето на изборниот процес на денот на гласањето.

 

Миле Ристески