Кошарка - БИБЛ

Куманово преслаб за Приштина

22.01.2014 20:06

На кошаркарите на Куманово не им одговара Приштина. Кумановци вторпат сезонава се поразени во дуелите со Сигал Приштина, овој пат на гостински терен, со 75:60. Домашните го наметнаа својот препознатлив ритам од стартот и го контролираа натпреварот до крајот. Резултатот се движеше 21:10, 22:15 и 22:12 по првите три периоди, предноста кулминира во третиот со позитивата од 30 поени, 63:33. Во последната четвртина, Куманово ја избегна катастрофата, добивајќи го периодот со 23:10.

Најдобриот стрелец на Куманово сезонава, Вукашин Мандиќ и Американецот Паран имаа по 13 поени, Мишковиќ постигна 11, 7 додаде Луковиќ, а без поени од стартерите остана капитенот Станимировиќ. Клупата на Куманово придонесе само со 16 поени, премалку за силниот противник. Кај домашните, се истакна Кендрик Џонс со 16 постигнати поени.

Со поразот кај Приштина и со победата на двојниот шампион Галил против Балкан ОД 97:83, Куманово сега е на втората позиција со 6 победи и со 4 порази. Израелците се на врвот со 7 - 2, а Приштина на третата позиција со 6 - 3.

Во следната рунда, Куманово игра дома со црногорскиот прстставник во БИБЛ конкуренцијата, Теодо.