Распределени 25 социјални станови во Демир Хисар

11.02.2016 15:43

Насмевка на лицата на 25-те демихисарски семејства од социјално ранливите категори по прелиминарната распределба на становите од новоизградената социјална зграда. Ваков објект во малата неразвиена општина, последен пат бил изграден во далечната 1985 година. Надлежните велат до склучувањето на договорите ќе следи уште една контрола на лице место од страна на стручна комисија...

Демихисарските семејства од социјалните категории одамна не паметат кога биле толку возбудени. Иако поднесни само 30 целосно подготвени апликации, секој од нив со иста мисла дали неговото име ќе се најде на списокот по прелеминарното електронско распоредување и конечно ќе имаат достојни услови за живење со нивните најблиски.

„Имам 75 години со жената живеам во руинирана куќа, со ова сега ќе ми се продолжи животот“, вели Милан Кочовски.

„Ние сме шестчлено семејсто, условите за живот досега беа лоши, сега мислам ќе свртиме нова страница“, вели Менде Ангеловски.

Денешниот ден од еден друг аспект ќе биде запаметен кај локалната самоуправа.

„Ова е исклучителен ден за нашата општина ако се знае дека последната ваква зграда тука била изградена дури во далечната 1985-та година“, изјави градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски.

Становите се градени според најновите европски правила за енергетска ефикасност и ИСО стандарди. Надлежните велат- со цел да се потврди правилната распределба ќе следи уште една контрола, а потоа ќе се потпишува симболична закупнина од 15 денари за метар квадратен.

Напоменуваат дека досега максимално прецизно се следи предвидената динамика за изградба на вакви објекти.

„Комисија составена од Министерствата за транспорт и социјала ќе ги посетат сите оние што прелиминарно добија стан за да ја видат одблиску фактичката ситуација и да се избегнат евентуални малверзации“, вели министерот Владо Мисајловски.

„Утврдената владина динамика ја следиме и досега низ земјава имаме распределено окулу осумстотини вакви станови“, рече директорот на АД за станбен и деловен простор Цветко Грозданов.

Слична ваква зграда е веќе готова во Ресен, а во моментов се градат уште во Кочани и Македонски Брод. Пред отпочнување со градба е социјалната зграда во Гостивар, а со околу 80 станови ќе важи за една од поголемите.

 

Стевче Митревски