ДИК ги доби податоците од 10-те институции
11.02.2016 16:07
Записнички беа отворени пликовите во кои беа доставени бараните податоци во електронска форма и клучевите за нивно криптирање и декриптирање, стои во дописот од ДИК.

Државната изборна комисија (ДИК) ги доби базите на податоци од 10-те институции со кои комисијата има склучено договор.
Записнички беа отворени пликовите во кои беа доставени бараните податоци во електронска форма и клучевите за нивно криптирање и декриптирање, стои во дописот од ДИК.
Со тоа се создадени условите за да почне процесот на вчитување на добиените податоци во серверот на ДИК.
