Регулацијата на медиумската сфера повторно на маса

11.02.2016 16:30

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, пред почетокот на средбата изјави дека денеска ќе разговараат за нови предлози и очекува придвижување на работите во позитивна насока...

По една недела пауза, работните групи на четирите најголеми политички партии повторно седнаа на заедничка маса за да ги надминат разликите што ги имаат за предлозите за медиумската сфера. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, пред почетокот на средбата изјави дека денеска ќе разговараат за нови партиски предлози.

„Сите партии доставија нови амандмани и денеска ќе разговараме за тоа. Јас мислам дека е добро што сите се согласија на средбата и што сите доставија амандмани. Некои од амандманите се за членови од Законот кои досега не биле предмет на разговор“, изјави Ванхауте.

Претставникот на СДСМ во преговорите, Роберт Поповски, пред почетокот на состанокот изјави дека причина плус од потребата за регулација на медиумската сфера било и интервјуто на лидерот на опозициската партија, Заев со главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ-Латас.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот дека се подготвени да прифатат европско решение за медиумите.

 

Игор Панов