Косово нема да ги екстрадира Исмаиловиќ и Демири
Од судот информираат дека ако бараните се најдат во трета земја, надвор од границите на Косово, ќе се постапи по барањето за екстрадиција на Министерството за правда на Република Македонија.

„Не е дозволена екстрадиција на првоосомничените за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири“ - оценка на Апелациониот суд во Приштина - соопшти Скопскиот кривичен суд.
Запрена е мерката притвор. Се уште е активна меѓународната потерница издадена од македонското Министерството за внатрешни работи.
Од судот информираат дека ако бараните се најдат во трета земја, надвор од границите на Косово, ќе се постапи по барањето за екстрадиција на Министерството за правда на Република Македонија.
Косовските власти за ова го информирале министерството. Оттаму засега молк.
