Oглас за субвенционирање на набавка на трактори и механизација

12.02.2016 10:08

Објавен е огласот за субвенционирање на набавка на трактори и на механизација. Половина од парите ќе се исплаќаат од програмата за рурален развој...

Јавниот повик ќе трае до 20-ти февруари, а сите земјоделски стопанства кои производуваат житни, фуражни и индустриски култури можат да побараат субвенции за механизација и за опрема.

Доколку се работи за млад земјоделец, или во зависност од местото каде што се наоѓа површината, финансиската поддршка на инвестицијата е од 50 до 75 проценти

Фармерот треба да има повеќе од 0,5 хектари за тутун и 1,5 хектари за житни или индустриски култури.

Аплицирањето е електронски преку платежната агенција, а земјоделците можат да побараат помош во најблиската подрачна единица на министерството за земјоделство или советодавната агенција.

Досега преку оваа програма се набавени 2.200 трактори и 7.000 приклучни машини и опрема.

 

Методија Трајков