За 24 часа издадени нови 2.540 потврди за азил
Од почетокот на годинава според евиденцијата на МВР, издадени се потврди на вкупно 77.230 странски државјани...

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.540 странски државјани, од кои 883 од машки и 566 од женски пол, како и на 1.085 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и шест деца кои патувале без родител, соопшти МВР. Најмногу потврди се издадени на 1.357 државјани на Сирија, потоа на 744 државјани на Авганистан и на 439 државјани на Ирак.
Од почетокот на годинава според евиденцијата на МВР, издадени се потврди на вкупно 77.230 странски државјани, од кои 31.031 се од машки пол, 16.743 се од женски и 29.305 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 151 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-37.360, Авганистан-24.309 и Ирак-15.558.
Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
