Историска средба на папата Франциско и рускиот патријарх Кирил

12.02.2016 11:39

Средба е од историско значење, бидејќи е прва од поделбата на хриситјанството...

Поглаварот на Руската православна црква, Кирил, пристигна во неколкудневна посета на Куба при што на аеродромот беше пречекан од претседателот Раул Кастро и други високи кубански функционерии.

Се очекува денеска патријархот Кирил да се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Средба е од историско значење, бидејќи е прва од поделбата на хриситјанството. Предвидено е двајцата црковни великодостојници да потпишат заедничка декларација.