Напредок во преговорите за мир во Сирија
Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека е постигнат консензус непријателството да прекине во рок од една недела, при што додаде дека договрот нема да се однесува на Исламска држава, Ал Нусра и другите терористички организации...

Големите сили на состанокот во Минхен постигнаа договор за планот како да ги прекинат крваваите судири во Сирија. Договорено е веднаш да се достави хуманитарна помош за населението во Сирија и постепено да се намали непријателството меѓу двете страни со цел да се создадат предуслови за почеток на мировните преговори.
Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека е постигнат консензус непријателството да прекине во рок од една недела, при што додаде дека договрот нема да се однесува на Исламска држава, Ал Нусра и другите терористички организации.
Имам чест да кажам дека на состанокот во Минхен, постигнавме напредок во преговорите за постигнување мир во Сирија. Се согласивме за исорака на хуманитарна помош и тоа да почне веднаш во најкритичните региони, а потоа на целиот сириски народ, изјави Кери.
