Протести во Атина: Жестоки судири меѓу полицијата и земјоделците

12.02.2016 12:27

Полиција со солзавец ги растеруваше земјоделците кои протестираат поради најавените реформи на владата, при што го каменуваа Министерството за земјоделство.

Расте тензијата во Грција. Жестоки судири меѓу полицијата и околу осумстотини земјоделци од островот Крит кои изутрината го започнаа дводневниот штрајк.

Полиција со солзавец ги растеруваше земјоделците кои протестираат поради најавените реформи на владата, при што го каменуваа Министерството за земјоделство.

Најавено е дека на протестите ќе се прилучат и вработени од други сектори.

Паралелно со протестите во Атина, земјоделците и денеска ги продолжија блокадите на граничните премини.