Курц- Попоски: Поддршка за справување со бегалската криза
Шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц посочил дека неговата земја останува пријател и поддржувач на Македонија кон нејзиниот пат во Европската Унија...

Шефот на австриската дипломатија Себајстијан Курц денеска е во Скопје. Тој оствари работна средба со неговиот македонски колега Никола Попоски. На состанокот, Курц ја потврдил заложбата на Австрија да ѝ даде поддршка на Македонија во опрема и луѓе за да се справи со бегалската криза. Изразил и благодарност за помошта која и Македонија ѝ ја дава на Австрија.
Курц посочил дека неговата земја останува пријател и поддржувач на Македонија кон нејзиниот пат во Европската Унија.
На средбата било раговарано и за политичката криза во Македонија. Според Курц треба сите да го почитуваат политичкиот договор за да се обезбедат слободни и демократски избори.
Попоски и Курц разговарале и за можноста изборите да бидат набљудувани од страна на Австрија.
