СЈО: „Титаник“ за изборни нерегуларности
Побаран е притвор за осум лица, соопшти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Едно лице е веќе приведено и изведено пред суд.

Првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителство отвори истражна постапка е насловен „Титаник“ и е поврзан со изборите. Побаран е притвор за осум лица, соопшти специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Едно лице е веќе приведено и изведено пред суд.
Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО посочи дека е отворена истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори, уништување на изборни материјали и злоупотреба на средства за изборна кампања во 2012 година.
Наведе дека министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, како и други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.
