Финансиска поддршка за брзорастечки мали компании
12.02.2016 13:14
За оваа намена се обезбедени над 6 милиони денари. Повикот до компаниите е отворен денес, и ќе трае до 12 март.

По 615 илјади денари од државата ќе добиваат микро и малите претпријатија, кои ја имаат квалификацијата брзорастечки. Ќе добијат финансиска поддршка за отворање три работни места.
Фирмата мора да има тенденција на раст, свој бизнис план и да е од производствениот или од информатичкиот сектор. Во рангирањето ќе учествуваат коморите и бизнис заедницата.
За оваа намена се обезбедени над 6 милиони денари. Повикот до компаниите е отворен денес, и ќе трае до 12 март. Според надлежните, целта е да им се помогне на малите и микро компании да го развиваат бизнисот.
