Раст на бројот на туристи во 2015-та за 10,9%

12.02.2016 14:01

Кај домашните туристи има зголемување за 6,5%, а кај странските раст за 14,2%. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 9% и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 12,3%.

Бројот на туристи во 2015-та година пораснал за 10,9% во споредба со претходната 2014-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Кај домашните туристи има зголемување за 6,5%, а кај странските раст за 14,2%. Во истиот период, бројот на ноќевањата  е зголемен за 9% и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6%, а кај странските има зголемување за 12,3%.

Според податоците на ДЗС, бројот на туристите во декември 2015 година изнесува 40.333, а бројот на ноќевањата изнесува 77.423. Во декември 2015-та, во однос на декември 2014-та година, бројот на туристи е зголемен за 24,4%, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 19,7%.

Бројот на домашните туристи во декември 2015 година е зголемен за 33,2%, додека бројот на странските туристи е зголемен за 18,9%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во истиот период е зголемен за 27,3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 14%.