Анкета: 50 проценти од граѓаните немаат доверба во Катица Јанева
Нова анкета на „Брима Галуп“ спроведена по барање на неделникот „Република“. Мнозинството од испитаниците немаат доверба во специјалниот обвинител Катица Јанева, и дека е блиска до опозициската СДСМ. Мнозинство од анкетираните рекле дека изборите на 24 април се излез од политичката кризата.

50 насто од граѓаните немаат доверба во Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева. 32,4 проценти го мислат спротивното, покажува теренската анкета на „Брима Галуп“, направена по барање на неделникот „Република“.
35,4 проценти од испитаниците сметаат дека Јанева е поблиска до СДСМ, а само 1 процент дека е наклонета кон ВМРО-ДПМНЕ. Речиси 20 проценти се изјасниле дека специјалната обвинителка ги следи упатствата и е под влијание на амбасадорите на САД и на ЕУ. Според анкетата, мнозинството испитаници, односно 38,9 насто рекле дека некоја од политичките партии ќе се обиде да го саботира или да го избегне постигнатиот договор во Пржино.
На прашањето кој ќе биде тоа, повеќе од половина односно 57,1 насто рекле дека договорот ќе го саботира СДСМ, а двојно помалку, 25,2 процента дека тоа ќе биде владејачката ВМРО-ДПМНЕ. 42 процента се изјасниле дека одржувањето на предвремени парламентарни избори на 24 април ќе доведе до излез од политичката криза, а двојно помалку односно 19,6 насто дека со изборите на 24 април ќе се продлабочи кризата. За 26,3 проценти, тоа нема да промени ништо.
За два и пол пати повеќе од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ била поконструктивна во преговорите за исполнување на пржинскиот договор, а 16,7 насто сметаат дека тоа била СДСМ. Речиси 50 насто рекле дека ЕУ и меѓународната заедница ја поддржува одлуката за спроведување на предвремените парламентарни избори на 24 април.
Само 4,8 насто се изјасниле дека не ја поддржуваат таквата одлука. За речиси 30 насто од испитаниците, Европската Унија и меѓународната заедница немаат усогласен став за ова прашање, односно имаат различни мислења.
Теренската анкета „Брима галуп“, ја спроведе во периодот од 30 јануари до 4 февруари годинава врз репрезентативен примерок од 1.006 испитаници на возраст над 18 години.
Милчо Велески
