Потпишана Повелба за етичко известување за време на избори

12.02.2016 14:29

Документот ги обврзува потписниците да известуваат избалансирано, непристрасно, објективно, чесно и неутрално.

Комерцијалните медиуми потпишаа повелба за етичко известување од митинзите и активностите на политичките партии за време на претстојните избори.

Документот ги обврзува потписниците да известуваат избалансирано, непристрасно, објективно, чесно и неутрално. На овие етички начела потпис ставија претставници и од електронските и од печатените медиуми.

МРТ има посебен етички кодекс за известување во време на избори.