Грантови од по 615.000 денари за поддршка на брзорастечки мали компании

12.02.2016 16:05

Со грантови од по 615.000 денари ќе се поддржат микро и малите брзорастечки компании, кои ќе отворат до три работни места. Почнува нова пилот – мерка, работена со бизнисот. Ако се покаже како успешна ќе влезе во Оперативниот план. Предвидениот буџет е 6,6 милиони денари...

615.000 денари од државата ќе добиваат микро и мали претпријатија кои ја имаат квалификацијата брзорастечки. Тие ќе добијат помош за отворање до три работни места. Компанијата мора да има тенденција на раст, мора да има бизнис- план, да е од производствениот или од информатичкиот сектор.

Бизнис- конфедерацијата на Македонија, која е партнер за спроведување на пилот – мерката,  за рангирањето на најуспешните микро и мали компании, ќе вклучи претставници од сите стопански комори и сојузи во Македонија. За спроведување на мерката се обезбедени над 6 милиони денари.

Повикот до компаниите е отворен денеска и ќе трае до 12 март.  Ако пилот – мерката се покаже како успешна, ќе влезе во Оперативниот план.

 

Наташа Јанчиќ