Високите температури ризични за земјоделството
Високите температури во овој период од годината ја зголемуваат опасноста од предвремена вегетација кај земјоделските култури. Голема за загриженост од штети нема, но состојбата треба да се следи...

Релативно високитата температура која се очекува неделава е неповолна поради зголемување на опасноста од предвремениот почеток на вегетацијата кај овошките и виновата лоза, а со тоа и нивната помала издржливост на ниски температури.
Слична состојба има и кај есенските посеви каде што предвреме ќе се потроши прихраната со минералните ѓубрива и отпорноста на ниските температури иако сме на половина од зимата.
Врнежите од дожд во голема мерка ја подобрија состојбата со влага во почвата, битна за есенските посеви и за растворање на ѓубривата.
Состојбата сеуште не е алармантна, но сепак треба да се следи и да се применуваат советите на стручните служби.
Методија Трајков