„Ало докторе“: Минатата седмица регистрирани 1.331 повици
Најчесто станувало збор за сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптоми на болка, покачена телесна температура и кашлици од променливото време.

Минатата седмица на телефонската линија „Ало докторе“ биле регистрирани 1.331 повик. Јавувањата се однесувале за широк спектар на најразлична симптоматологија.
Најчесто станувало збор за сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптоми на болка, покачена телесна температура и кашлици од променливото време.
На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“, им била дадена здравствена помош, односно совет и соодветна симптоматска терапија.
Од 15-ти септември лани до денеска биле регистрирани 77.007 повици на граѓани кои побарале медицински совет преку линијата „Ало докторе“.