Седници на пет собраниски комисии

15.02.2016 09:57

Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за домување, за работното време и неколку други законски проекти...

Во Собранието се најавени седници на пет парламентарни комисии. Членовите на  Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледуваат предлог-законот за изменување на законот за полиција, во второ читање, а Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, предлог-законот за изменување и дополнување на законот за обезбедување на побарувањата, во второ читање.

Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да расправа за предлог-законите за изменување и дополнување на законите за домување, за работното време и неколку други законски проекти. Комисијата за труд и социјална политика ќе ги разгледа предлог-законите за изменување и дополнување на законите за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за спречување и заштита од дискриминација, во второ читање.

И Законодавно-правната комисија денеска ќе разгледа текстови на повеќе законски предлози.