За жалбата на СЈО ќе решава Кривичниот совет

15.02.2016 10:29

Во рок од 48 часа по добивањето на жалбата, Советот е должен да донесе одлука. Во скопска единица денеска на распит треба да се појави едно лице во истрагата по предметот „Чаир“...

Специјалното јавно обвинителство објави дека ги обжалило одлуките на скопскиот Кривичен суд за кои во акцијата „Титаник“ беше побаран притвор за осуммина осомничени за изборни нерегуларности.

За жалбата сега треба да решава Кривичниот Совет на скопска единица составен од тројца судии. Во рок од 48 часа по добивањето на жалбата, Советот е должен да донесе одлука. Во скопска единица денеска на распит треба да се појави едно лице во истрагата по предметот „Чаир“.

Завчера Кривичниот суд ги одби барањата за притвор за четворица кои беа на распит, меѓу кои и поранешен министер за транспорт и врски и градоначалникот на Пустец.

Останатите четворица осомничени во „Титаник“ за изборни нерегуларности во 2012-та поради оправдани службени отсуства од судија на претходна постапка ќе бидат сослушани дополнително.

Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува.