За 24 часа издадени нови 451 потврди за азил

15.02.2016 11:54

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 80.627 странски државјани, од кои 32.181 се од машки пол, 17.462 се од женски и 30.814 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 170 деца кои патуваат без родител.

Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 451 странски државјани, од кои 167 од машки и 99 од женски пол, како и на 183 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, соопшти МВР. Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на Сирија- 240, потоа на 172 државјани на Авганистан и на 39 државјани на Ирак.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 80.627 странски државјани, од кои 32.181 се од машки пол, 17.462 се од женски и 30.814 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 170  деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија-38.992, Авганистан-25.394 и Ирак-16.238.

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.