Поефикасно справување со тероризмот
Во Охрид се одржува напреден курс за справување со терористички закани во Југоисточна Европа, подржан од НАТО. Педесетина претставници на безбедносните и одбранбените институции од десет држави од регионот, како и експерти од САД и Канада ќе разменат искуства и ќе разработат методи за што поефикасно справување со тероризмот...

Ниту Македонија, ниту која било држава во светот е имуна на тероризмот како глобална безбедносна закана. Тероризмот најчесто ги зафаќа регионите и државите каде што има воени судири, но настаните во Франција и Белгија покажаа дека тој е можен и во нашите средини, поради што е потребна будност и подготвеност.
Во Охрид се разговара за најдобрите практики кои што ќе се инкорпорираат во регионалниот безбедносен систем.
„Она што го работиме тука не се само вообичаени дискусии со кои што се нотира проблемот со тероризмот,туку начин на поврзување на активностите на сите државни институции надлежни за безбедноста во државите од регионот“, изјави Тревис Морис, Центар за војна и мир при Универзитетот Норвич- САД.
Собирот има исклучително значење бидеќи Македонија и регионот се на главната рута по која се движат бегалците,меѓу кои има лица кои учествувале во воените конфликти и се подготвени да прифатат радикални методи на дејствување.
Сашо Нелоски