ЕК: 10 милиони евра за Македонија за подобро справување со мигрантскиот бран

15.02.2016 14:55

Целта е да и се помогне на земјата, да го подобри граничното управување во контекст на бегалската криза, вели портпаролот на ЕК...

Европската комисија најави 10 милиони евра помош за Македонија за подобро справување со мигрантскиот бран и подобро миниторирање на границата со Грција.

Европската комисија ќе усвои програма во вредност од 10 милиони евра за да и помогне на ПЈР Македонија. Целта е да и се помогне на земјата, да го подобри граничното управување во контекст на бегалската криза. Вакво барање беше испратено од ПЈР Македонија. Со техничката помош од Фронтекс и со овие средства сакаме да и помогнеме на државата да го подобри систематскиот мониторинг на границата, како и во идентификувањето и регистрацијата на лицата од трети земји кои ја минуваат границата, легално и нелегално. Сакаме да го спречиме и криумчарењето  мигранти – порача портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.