Приоритет- искористување на ИПАРД средствата
Новиот твиниг проект вреден 1,5 милион евра треба да овозможи подобро искористување на средставата од ИПАРД програмата. Целта е да се подобри ефикасноста на Платежната агенција и воведување на нови мерки на поддршка во аграрот...

Подоброто искористување на средствата од ИПАРД програмата е еден од поважните приоритети и веќе се преземени соодветни мерки за нивна зголемена апсорпција: отворање гарантен фонд, субвенционирање банкарска камата, изготвување типски проекти, намалување на критериумите и отворање канцеларии за подготвување апликации, рече министерот за земјоделство, Михаил Цветков на промоцијата на твининг- проектот за јакнење на капацитетите на Платежната агенција, како и нејзино поефективно и поефикасно работење.
Целта на твининг-проектот е да се подобри ефикасноста на Платежната агенција преку јакнење на нејзините административни капацитети, институција која ќе одговори на потребите на земјоделците, руралната економија и жителите од неразвиените подрачја.
Проектот е поддржан од Европската унија и ќе трае 21 месец. Партнери се Агенцијата за претприемништво на Холандија, Агенцијата за земјоделски регистри и земјоделскиот истражувачки центар на Естонија, како и Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Словенија.
Ана Јосифоска- Тодоровска
