Темепратурните разлики влијаат на здравјето, 100 повици во итната помош за едно деноноќие
Релативно високите дневни температури за февруари предизвикаа зголемен број интервенции на итната медицинска помош. Причина покачениот крвен притисок и многубројните срцеви и мозочни удари. Вирусите предизвикаа зголемен број заболени од грип...

Срцеви и мозочни удари, сообраќајни незгоди, страдаат и хронично болните. 100-тина интервенции за едно деноноќие имале тимовите на итна помош. Причина- температурните разлики.
„Депресивно е, наглите промени тешко се поднесуваат.“
„Бидејќи сум метеопат, а имам и дијагноза полицитемија, многу се чувствува промената.“
„Времето најмногу ми влијае на притисокот.“
„Чувствувам замор, малаксаност.“
„Пијам апчиња, ама не помага“, велат граѓаните.
Промената на времето влијае врз целиот организам, велат лекарите. Се намалува концентрацијата, периодов е зголемен и бројот на сообраќајни несреќи.
„Се намалува концентрацијата, крвниот пристисок, кај некои пациенти се зголемува. Сето тоа доведува до некаква последица. Треба возачите да внимаваат да не седнуваат зад волан доколку не се чувствуваат добро. Сме имале случаи кога зад волан имале мозочен удар, инфаркт“, вели д-р Марија Анастасовка, итна помош.
Расте и бројот на болни од грип. Да се почитуваат препораките, хронично болните да ја земаат терапијата и да се одржува лична хигиена за да се намали ширењето на вирусите, велат лекарите.
Пролетните температури во февруари се погодни за ширење на вирусните инфекции. Зголемен е бројот на болни. За само една недела во Институтот за јавно здравје се регистрирани повеќе од три илјади граѓани со симптоми на грип.
Андријана Атанасовска