Според Судскиот совет- СЈО влијае врз судството

15.02.2016 16:06

Специјалното јавно обвинителство на одржаната нивна прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави се со цел да извршат влијание врз судството, смета претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски...

Специјалното јавно обвинителство на одржаната прес-конференција пред неколку дена се послужи со спектакуларни изјави, се со цел да изврши влијание врз судството, изјави претседателот на Судскиот совет, Бранко Ушковски.

Тие како странка во постапката немаат супермација во однос на другата странка за кои постои само сомневање па со тоа постапија спротиво на Уставот на Република Македонија и спротивно на законите, нагласи Ушковски.

Претседателката на Управниот суд, Јетмире Ајдини Бошњаку, пак, посочи дека Управниот суд нема да падне на вакви притисоци сега кога не очекуваат избори и нема да дозволи никој да му се меша во неговата независност.

Сите одлуки на Управниот суд се јавно достапни и на сите граѓани на Македонија на нашата веб страница и сите граѓани можат истите да ги видат. Граѓаните можат да ги видат доказите врз основа на кои судиите истите одлуки ги засновале, затоа секоја форма на вака изнесени изјави од разни страни ги сметаме како директен упад врз нашата независност, а особено на судиите на Управниот суд, истакна Ајдини.