Ултиматум за Јанукович

23.01.2014 09:28

Лидерите на украинската опозиција му поставија ултиматум на претседателот Јанукович во рок од 24 часа да распише предвремени избори, или во спротивно ќе се соочи со уште пожестоки протести. Премиерот Азаров изјави дека полицијата добила инструкции да не употребува сила врз мирните демонстранти, но и да не дозволат да ги заземат владините згради. За таа цел, полицијата смее да употребува солзавец и специјални штитови.

Опозицијата ги повика демонстрантите да се воздржат од насилство и да останат на киевскиот плоштад во наредните 24 часа.

„Виктор Јанукович, имаш 24 часа. Донеси ја својата одлука. Јас го сторив истото. Слава за Украина“, вели Арсениј Јатсеник, лидер на партијата Татковина

Тие побараа од Јанукович да ја распушти владата, да распише предвремени избори и да ги укине ригорозниот закон против протести.

Украинската полиција вчера тргна да ги растура барикадите на демонстрантите, а во насилните судири, според извештаите од полицијата, настрадале петмина.

„Видов две жртви. Беа убиени од страна на безбедносните сили“, вели еден доктор.

Демонтстрантите, пак, повикуваат на радикални акции:

„Немаме време за чекање. Денеска сме целосно мобилизирани и верувам дека нешто ќе се случи“.

Опозициските лидери изјавија дека протестите против полициската акција ќе продолжат , а Владимир Кличко за денеска напладне најави генерален штрајк.

Марина Автовска