Продолжува распитот на осомничени во случајот „Титаник“

15.02.2016 17:01

Нема притвор за поранешниот член на општинската изборна комисија на Чаир, кого Специјалното обвинителство го сомничи за изборни нерегуларности, за изборите за градоначалник во 2013-та година...

Нема притвор, има мерка за претпазливост и забрана за контактирање со определени лица за поранешен член на општинската изборна комисија на Чаир, кого Специјалното јавно обвинителство го сомничи за вршење изборни нерегуларности во 2013-та година. По излегувањето од судот, тој рече дека ќе ја почитува одлуката на судот и се воздржа од дополнителен коментар.

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко ја обжали мерката која му ја одреди судија на претходна постапка да се пријавува во судот во Ресен еднаш неделно.

Министерот за внатрешни работи, Спасовски вели дека се што досега било преземено за случајот „Титаник“, било по наредба на Специјалното јавно обвинителство.

Специјалното јавно обвинителство ги обжали одлуките на Скопскиот кривичен суд кој не одреди притвор за оние кои беа на распит во петокот. За жалбата треба да решава Кривичниот совет на скопска единица.

 

Наташа Гркова- Петрушевска