Општините почнаа со реализација на проектот „Купи куќа за млади“

15.02.2016 17:23

Општините ги подготвија локациите за проектот „Купи куќа за млади“. Граѓаните ќе можат да аплицираат и под поволни услови да се стекнат со сопствено живеалиште. Ресорните министри за финансии и за транспорт со апел до заинтересираните да ги искористат можностите...

7.640 локации во околу 50 општини се наменети за проектот „Купи куќа за млади“. Градоначалниците веќе понудиле парцели наменети за овој проект и ќе градат типски населби. Очекуваат бројката да расте, како и интересот од страна на граѓаните.  Министерството за финансии отвори 33 канцларии со обучени тимови што ги информираат граѓаните за поволностите. Тргна и карванот за проектот.

Министерот за транспорт Мисајловски рече дека освен постојните шест, на граѓаните ќе им се понудат нови бесплатни проекти за куќи со кои ќе им се обезбеди поголем избор. Квадратурата на понудените типски куќи е од 50 до 200 квадрати.

За проектот „Купи куќа за млади“ во Прилеп е предвидена типска населба „Градина“ која има 424 градежни парецели и е на површина од 413.000 метри квадратни. Во Валандово ќе се прави типска населба со 100 куќи, во Илинден се планирани 850 парцели во населбата Јака и дополнителни 150 во близина на Ајватовци.

Според претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, проектот „Купи куќа за млади“ е одлична можност младите да дојдат до сопствен дом преку поволни услови.

Покрај канцелариите во 33 општини, за проектот „Купи куќа за млади“ отворена е и канцеларија и во Финансии. Дневно околу 80 – ина граѓани доаѓаат за да се информираат за можностите кои им се нудат.

 

Викторија Милевска