Собранието треба да ја одржи 94-тата седница
Пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на законите за обезбедување на побарувањата, за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства...

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 94-тата седница на чиј дневен ред се дваесеттина законски решенија во второ читање.
Пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за изменување и дополнување на законите за обезбедување на побарувањата, за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, за домување, за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за јавните патишта, за воздухопловство, за градежно земјиште...
На дневен ред, меѓудругите, се и предлог законите за изменување на законите за спречување и заштита од дискриминација, за полиција, за интероперабилност во железничкиот систем.
