Пожар во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ

16.02.2016 10:03

Последните информации се дека пожарот е локализиран...

Пожар кај Порта „Македонија“ во центарот на Скопје. Гореше зградата на ЕВН Македонија. Екипата на Македонската телевизија е на терен. Сѐ уште нема информации за причините за пожарот.

Противпожарни екипи интервенираа со шест возила и со водени топови успеаја да го изгаснат пожарот. Засега нема информации за поведени и за причинетата материјална штета.