Исполнети безцаринските извозни квоти за вино од Македонија во ЕУ
16.02.2016 10:35
Исполнети се безцаринските извозни квоти за вино од Македонија во Европската унија. Покрај количествата на наливното, втора година по ред, целосно се искористуваат и количествата на виното во шишиња.

Во 2015-та, втора година по ред во целост е искористена безцаринска квота за извоз на вино во шишиња во Европската Унија. Постигната е највисока цена во последните 20 години, односно 65 евра за хектолитар или за 9 проценти повеќе.
Постигнат е најповолен сооднос на учеството во извозот со намалување на наливното и зголемување на виното во шишиња.
Успешен е и извозот и на трпезното и сушеното грозје и тоа за речиси 40 проценти.
Рокот за целосна исплата на откупеното грозје според законот е до 30 април.
Методија Трајков
