Одбиен предлогот на СЈО за мерка притвор за уште четири лица
16.02.2016 10:40
По сослушувањето во присуство на нивните адвокати, судијата на претходна постапка, донесе одлука со која го одби предлогот на Обвинителството.

Продолжи распитот на осомничени во случајот „Титаник“. Пред судија на претходна постапка од Одделот за организиран криминал и корупција на сослушување се јавиле 4 лица за кои Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог за определување мерка притвор.
По сослушувањето во присуство на нивните адвокати, судијата на претходна постапка, донесе одлука со која го одби предлогот на Обвинителството.
Нема притвор и за поранешниот член на Општинската изборна комисија на Чаир, кого Специјалното обвинителство го сомничи за изборни нерегуларности за изборите за градоначалник во 2013-та година.
