Рурален туризам
Изградбата на хотели, кампови и други објекти за рурален туризам се подржани со европскиот ИПАРД фонд...
Изградбата на хотели, кампови и други објекти за рурален туризам се подржани со европскиот ИПАРД фонд. Заинтересирани земјоделци и фирми ќе можат да cе јават на огласот кој ќе се објави до крајот на месецов.
Градењето и адаптирање на соби, апартмани, продажни места,рурални музеи,зоолошки градини и рибници се на долгата листа која се финансира од ИПАРД фондовите.
Проектите за селскиот туризам треба да отворат и нови работни места во руралната средина и тоа најмалку за едно лице, три години по реализацијата на инвестицијата.
Капацитетите за сместување треба да се до 10 соби за најмногу 30 лица ,а земјиштето сопственост на физичко лице,односно угостителот.
За поголеми објекти барателот треба да е регистриран како микро или мало претпријатие за туризам,угостителство, земјоделство или шумарство во рурална средина.
Методија Трајков
