Бесими во работна посета на Брисел

16.02.2016 10:50

Бесими се сретна со словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. Словачка е следен претседавач со Европскиот совет по Кралството Холандија. Предвидена е и средба со еврокомесарот Хан...

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, во Брисел учествува на конференцијата „Балкански партнерства - зајакнување на врските на регионот“. На форумот учествува и комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Бесими се сретна со словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак. Словачка е следен претседавач со Европскиот совет по Кралството Холандија.

Предвидена е и средба со еврокомесарот Хан, кој според најавите в петок доаѓа во Скопје за да се утврди напредокот во примената на Договорот од Пржино.

На 20-ти февруари, Европската унија и САД во консултација со локални и со меѓународни експерти ќе оценат дали има услови за кредибилни избори на 24-ти април.