Комисија од Совет на Европа во посета на македонското Собрание
16.02.2016 09:16
Членовите на оваа Комисија ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски...

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе престојуваат известители на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите-членки на Советот на Европа (Мониторинг комисија).
Членовите на оваа Комисија ќе имаат средба со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, и потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонијо Милошоски и со членовите на Комисијата за надворешна политика.
