ЕУ и САД ги осудија вчерашните напади во Сирија
Високата претставничка на ЕУ, Могерини, изјави дека нападот е потполно неприфатлив, но при тоа не потенцираше кој ги извршил бомбардирањата.

Европската унија и САД со осуда за вчерашните напади на училишта и болници во Сирија, при што повеќе од 50 лица ги загубија животите, а повеќемина беа повредени.
Високата претставничка на ЕУ, Могерини, изјави дека нападот е потполно неприфатлив, но при тоа не потенцираше кој ги извршил бомбардирањата.
Турското МНР ја обвини официјална Москва за нападите при што предупреди дека поголеми и посериозни последици ќе бидат неизбежни ако Русија не ги прекине нападите.
Специјалниот претставник на ОН, Де Мистура е во еднодневна посета на Дамаск при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, за последните случувања во земјата.
