Земјотрес со јачина од 5,2 степени ја погоди јужна Грција

16.02.2016 09:21

Засега нема информации за жртви, пренесува БТА.

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала вчера предизвика лесни оштетувања на десетици куќи во јужна Грција, информираа американските медиуми.
 
Засега нема информации за жртви, пренесува БТА.
 
Потресот вчеравечер бил регистриран крај градот Пиргос, на 500 километри југозападно од Атина.
 
Властите во областа западна Грција информираат за паднати камења врз неколку локални патишта.