За 24 часа издадени потврди за азил на 543 странски државјани
Најмногу потврди се издадени на државјаните Сирија- 198, потоа на 137 државјани на Авганистан и на 208 државјани на Ирак...

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 543 странски државјани, од кои 221 од машки и 118 од женски пол, како и на 197 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и седум деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР. Најмногу потврди се издадени на државјаните Сирија- 198, потоа на 137 државјани на Авганистан и на 208 државјани на Ирак.
Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 81.170 странски државјани, од кои 32.402 се од машки пол, 17.580 се од женски и 31.011 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 177 деца кои патуваат без родител, а најбројни се државјаните на Сирија 39.190, Авганистан 25.531 и Ирак 16.446.
Во истиот период, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија)врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 15.02.2016 година евидентирани се вкупно 11 баратели на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
