Русија: Експлозија во станбена зграда, најмалку 4 жртви

16.02.2016 10:15

550 спасувачи се на терен и се обидуваат да ги извлечат телата на загинатите и повредените.

Најмалку четворица загинаа, деветмина се повредени при експлозија на гас во станбена зграда во Русија.

550 спасувачи се на терен и се обидуваат да ги извлечат телата на загинатите и повредените.

Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека при експлозијата целосно се уништени пет стана. Истрагата треба да покаже кои се  причините за несреќата и дали биле почитувани безбедносните прописи.