Хан: Изборите зависат од извештајот на меѓународните институции и на ДИК

16.02.2016 12:28

Еврокомесарот одби да каже дали и кога ќе пристигне во посета на Македонија, но потврди дека предвремените парламентарни избори на 24 април зависат од оценката на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија за тоа дали се обезбедени условите за нивно одржување.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, во Брисел се сретна со комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Еврокомесарот одби да каже дали и кога ќе пристигне во посета на Македонија, но потврди дека предвремените парламентарни избори на 24 април зависат од оценката на ОБСЕ/ОДИХР и на Државната изборна комисија за тоа дали се обезбедени условите за нивно одржување.

„Одржувањето на изборите зависи од оценката на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, односно од зрелоста на подготовките за изборите. Потоа, тие треба да донесат одлука“, изјави еврокомесарот Хан.

Еврокомесарот Бесими, истакна дека Македонија продолжува да биде конструктивна земја во однос на управањето со бегалската криза.

„Сметаме дека поцврстата соработка со ЕУ и единствените и ефективни политики во однос на бегалската криза се исклучително важни за успешно справување со предизвиците“, изјави Бесими.